Музика на кирилица

Младиот фолк пејач Александар Темелков наскоро ќе го издава својот прв студиски албум (Видео)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, познатиот македонски млад фолк пејач Александар Темелков наскоро ќе го издаде својот прв студиски албум. Тој неодамна ја промовираше и својата најнова песна “Свадбарска”. Интересно за оваа песна е што таа трае подолго од вообичаените песни во Македонија.

Инаку, “Свадбарска” е дело на Славко Ристевски, додека текстот го напиша Стојан Лазаревски, во песната зурла и кавал свири Џељо Дестановски, а саксофон и кларинет Кире Мената. Оваа песна е типична свадбарска песна на која што може слободно да се изнаиграте.

Како што и самиот Темелков вели, ова е неговата девета песна и со следната (десета песна) всушност и се привршува долгоочекуваниот албум кој наскоро треба да излезе. Но пред тоа, онаа десетата песна, ќе биде наменета за српскиот пазар со наслов “Повратак”, печалбарска песна во српско-босански стил која ќе биде промовирана во Србија и БиХ.

“При крајот на оваа година планирам да направам голем солистички концерт тука во Скопје, по повод 5 години од мојата музичка кариера. За 5 години сум успеал да направам десет песни, да направам еден концерт и да поканам голем број на колеги тука од Македонија и да направам нешто што досега не било, да ја соберам цела македонска музичка естрада”, вели Александар Темелков.

Тој за својата најнова песна, а и сите останати кои досега немаат снимено видео спот ветува дека по издавањето на албумот ќе се посвети на доснимување на видео спотовите и секако промоција и претставување со албумот како во Македонија, така и во Србија, БиХ и секаде каде што има свои фанови и биде повикан тоа да го направи.

Освен со музиката и подготвувањето на својот прв албум, Александар Темелков ексклузивно изјави дека е при крај со дипломирањето на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, а со самото тоа тој добива диплома за Дипломиран Анолог.

Можеби ќе ве интересира: