Музика на кирилица

Младиот и згоден Антонио Пејоски, жари и пали низ ноќните клубови во Македонија (Видео)

Младиот, атрактивен, интересен и згоден пејач Антонио Пејоски, сними нова песна “Тебе ти припагам”, а истовремено и видео спот за истата. Едноставно кажано, станува збор за одличен летен хит. Музиката и текстот се токму негови, а аранжманот е на Горан Мицов од Slide продукција. Како што ексклузивно дознава специјализираниот македонски музички портал Музика24, зад видеото стои Power продукција, а истото е снимено и комплетно едитирано од страна на Ваљон Дервиши. Инаку новиот видео спот на згодениот пејач е снимано на неколку локации, поточно, на плажите во Охрид и во дискотеката “Парк”.

Како што веќе знаете, а секако ние сме тука и да ве потцетиме, Антонио зад себе има три песни со секоја со  видео спот и еден ковер. Најново кај Антонио е тоа што веќе одамна заедно со својот бенд настапува, жари и пали низ кафулињата и ноќните клубови ширум Македонија., па нели лето, време е за незаборавни забави, зар не 🙂

Антонио ексклузивно за Музика24 открива дека следно во неговата музичка кариера е настап на некој од македонските летни фестивали, а зошто да не и настап на некој меѓународен фестивал, надвор од нашата држава.

Додека тој е сконцентриран на ноќните забави и додека сите вие се забавувате со неговата музика и настапи, во продолжение ви предлагаме да го погледнете ексклузивно и премиерно, најновиот видео спот за најновата песна на Антонио Пејоски “Тебе ти припагам”.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: