Музика на кирилица

Младите дечки од “4 Feelings” со настап на “Охрид Фест 2015” (Видео)

Веќе познатиот бој-бенд “4 Feelings”, по настапот на “Сунчане скале” неуморно продолжуваат со своите настапи. Тие на претстојниот “Охрид Фест 2015” ќе настапат со песната “Те сакам секој ден”, песна зад кој стои веќе проверениот и добро докажан тим музиката е на Глигор Копров, аранжманот на Владимир Дојчиновски, додека пак текстот на Огнен Неделковски.

Како што велат тие самите за Музика24, ова ќе биде нивна втора песна, како и нивни втор настап на фестивал. Инаку, колку да ве потсетиме, оваа група состававена од четворица млади и симпатични момчиња постои само три месеци, а истата ја сочинуваат: Огнен Здравковски, Кристијан Крстановски, Теодор Ристовски и Мартин Дечев.

4 Feelings_suncane skaleВо исчекување на нивниот настап на “Охрид Фест”, како и на нивната нова песна, во продолжение погледнете го нивниот настап со песната “Заувјек”, српската верзија од нивната прва песна “Случајно”, со која настапија на овогодинешниот фестивал “Сунчане скале”.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: