Музика на кирилица

МРТВ одлучи: Калиопи ќе ја претставува Македонија на Евросонг

Калиопи ќе ја претставува нашата земја следната година на Изборот за песна за Евровизија. Македонската радио-телевизија како членка на Европската радиодифузна унија, донесе одлука со која се дефинира учеството на Македонија на претстојното 61-во издание на најголемиот меѓународен музички фестивал во Европа, Избор за песна на Евровизија што ќе се одржи во мај 2016-та, во Стокхолм, Шведска. Нејзиното прво учество на Евровизија во 2012-та година со песната “Црно и бело” и овозможи на Македонија влез во големото финале.

“Сигурни сме дека соработката на МРТ, со добро познатата комбинација, на поп-дивата Калиопи и композиторот Ромео Грил што и овој пат ќе биде автор на македонската евровизиска композиција, ќе резултира со модерен, атрактивен евровизиски производ, со афирмативен национален карактер”, велат од МРТВ.

Официјалното претставување на композицијата со која Македонија ќе се натпреварува во Шведска 2016-та, ќе се случи на Македонската телевизија и пред македонската јавност на крајот на февруари идната година.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: