Музика на кирилица

Музички приказ: Горан Алачки со видео-запис за “Vesna ‘s dance” (Видео)

Познатиот хармоникаш и амбасадор на традиционалната македонска фолклорна ризница Горан Алачки го промовираше својот видео спот на една од композициите која беше изведна на концертот “Чувства ноти и предели” заедно со своите соработници (Бајса Арифовска, Ратко Даутовски, Дамир Имери, Игор Димовски, Благоја Алачки, Баже Маротов) итн. каде во опуштена работна атмосфера јасно беше претставена самото создавање на композицијата.

G 1“Ова сепак беше спонтано сценарио и гледачите ќе имаат можност како течеше самиот тек на пробите со моите драги колеги каде задолжен за сите аранжмани беше Дамир Имери кој од се срце сум му искрено благодарен и се надевам соработката ќе продолжи во иднина”, изјави Горан Алачки.

Да постетиме Горан Алачки на 31-ви јануари во новиот современ театар ја одбележа својата долгодишна музичка кариера со свои авторски дела во кој даде знак и на хуманата страна т.е. допринес за возобновување на црковниот храм во село Владимирово.

Во продолжение уживајте во музичкото парче кое е приказ на целиот труд вложен заедно со неговите соработници-колеги.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: