Музика на кирилица

Музичкото тв шоу “ИмаТ немаТ”од оваа недела на ТВ Сонце наместо на Алфа

“Македонска музика, хумор, забава се нешта кои недостасуваат на македонските ТВ канали“, велат од ИНтв, кои се всушност и организатори и реализатори на ова големо телевизиско музичко шоу. Од таму уште велат, дека истото нема да се емитува на Телевизија Алфа како што и бешпе првично најавено, туку на Телевизија Сонце. Инаку, како што веќе пишувавме, станува збор за музичко шоу во кое учество ќе земат најголемите македонски ѕвезди: Елена Велевска, Сузана Гавазова, Анета Мицевска, Стојне Николова, Сани… и многу други.

Телевизиска меана во која домаќин е Жанко – З’ш, кој воедно е задолжен и за хуморот во емисијата. Веќе се снимени четири епизоди, по протокол за состојбата во која моментално се наоѓаме. Емисијата освен на “Сонце”, ќе се емитува и на сателитската “Ин Тв” и “Фолк клуб”.

Можеби ќе ве интересира: