Музичкиот портал Музика24 и Колосеум Ви доделуваат гратис билети за долго најавуваниот и очекуван кам-бек концерт пред македонската публика на познатата македонска поп група “Куку Леле” односно Роберт и Панки. Тие по 10 годишна пауза, на 2-ри март повторно со концерт во Колосеум ќе Ве потсетат на старите добро познати незаборавни хитови: “Се е против нас”, “Постела од рози”, “Прегрни ме”, “Кучко неверна”, “Кажи ми, речи ми”, “Ме канат на свадба”, “Не плачи не жали”… и уште многу, многу други.
Ние овој пат доделуваме 8 гратис билети, односно четворица од вас ќе можат да добијат по 2 билети и заедно со саканата личнот, другар, другарка или познаник да уживаат во неколку часовниот концерт, во големиот музички кам-бек на македонската поп група “Куку Леле”. А ваша задача, доколку сакате да бидете добитник на 2-та гратис билети е следна, на нашата фан страна Музика24 да одговорите на прашањето: Која година на музичката поп група “Куку Леле” се вклучува сегашниот вокал Сашо Каимовски – Панки?
Не заборавајте, првите четворица кои ќе ни дадат точен одговор на веќе поставеното прашање, Музика24 преку фејсбук ќе ги контактира и информира како и на кој начин ќе можат да ги подигнат своите билети. Доколку сакате да уживате во одличен концерт, добра музичка забава… еве ви добра прилика заедно со уште една личност да го направите тоа… Вие сте на ред! Одбројувањето започнува…
Музика24