Музика на кирилица

На денешен ден е роден Тодор Тоше Проески, непрежалената македонска музика икона (Фото+Видео)

На денешен ден, 25-ти јануари далечната 1981 година беше роден еден од најпопуларните, најсаканите и најнародните македонски поп пејачи, нашата македонска музичка легенда Тодор Тоше Проески. Тој и покрај тоа што беше познат во Македонија, беше и една од најголемите музички ѕвезди на Балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија.

Музичката кариера ја започнува со настапот на прилепскиот фестивал “Мелфест” во 1997 година, каде што и победува изведувајќи ја песната “Yesterday” од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните “Пушти ме” (1997) и “Остани до крај” (1998). За прв пат, него го открива нашиот познат македонски музичар, композитор и продуцент Горан Милошески од Прилеп, денес работи и живее во Скопје. А потоа, Тоше блиска соработка има и со Џеф Бек, Григор Копров, Огнен Неделковски, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори.

Се смета дека подемот во неговата кариера започнува по изведбата на песната “Твоите бакнежи на моите бели кошули” на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме, Тоше станува дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останува се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година е прогласен за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз – “Ве сакам сите”.

Тој почина на 16-ти октомври во сеуште неразјаснете околноси, во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, е прогласен за Ден на Национална Жалост.

Можеби ќе ве интересира: