Музика на кирилица

На 8-ми март промоција на македонска евровизиска песна “You”

Според договорот на МТВ и ЕБУ, официјалната промоција на песната за македонската јавност ќе се случи на 8-ми март во Дневникот 2 на МТВ1, по што песната со видеоспот ќе биде објавена и на официјалниот евровизиски јутуб канал ( https://www.youtube.com/user/eurovision ) во точно 20:00 часот.

Како што е веќе познато, автор на музиката на песната е Невена Нешкоска, македонска композиторка и продуцентка која работи и живее во Чикаго. Невена е автор и на текстот на песната, којшто го создаде заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од Беркли Алис Шредер. За продукцијата и аранжманот на песната освен Невена Нешкоска се погрижија и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Видео записот за песната го режираше Милена Витман, а за фотографијата и за монтажата се погрижи Ѓорѓи Вацев. Продуцент на спотот е Јелмаз Дервиши.

Можеби ќе ве интересира: