Музика на кирилица

Најдобра изведба на “Why dont you do right” на младата битолчанка на “X Factor Adria”

Марија Груевска е името кое го воодушеви жирито на “X Factor Adria” од кој не ги криеа импресиите од самиот настап на композицијата “Why dont you do right” од Џесика Ребит.

“Перфектна изведба секоја чест”, изјави Жељко Јоксимовиќ на кој додаде дека ова е уште еден доказ дека Македонија има горди претставници. Тончи Хуљиќ беше горд што конечно слушна нешто поразлично, но иако со оглед на фактот што од џез музика неможе на балканот да се живее, сепак ова е голема храброст. Со ова 18 годишната битолчанка Марија Груевска ги освои сите 4 гласа за влез во вториот круг.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: