Музика на кирилица

Најнов музички проект на Сара Мејс „Хероина“

Сара Мејс премиерно го објави својот најнов музички проект „Хероина“. Станува збор за безвременскa порака, која ја носи самиот текст на песната, која е мотивирачка, охрабрувачка и ветува позитивни реакции, особено од женскиот пол. Автор на текстот и на музиката е Сара Мејс, а за аранжманот се погрижи Роберт Билбилов. За песната е подготвен и видео запис, кој ќе биде објавен наскоро и во него главната улога ќе ја имаат силни, жени – вистински хероини.

Како и во сите претходни музички проекти, така и во песната „Хероина“, преку текстот и музиката, Сара Мејс изразува силна емоција, овојпат посветена на секоја жена, девојка, мајка, ќерка. Во песната е опеана самодовербата, силата, упорноста и успешноста на жените на секое поле, односно нивната величенственост.

„Со „Хероина“, Сара Мејс одново ја докажа својата посветеност кон нејзиниот музички стил, како и кон нејзината многубројна публика, затоа што и овој проект е одраз на квалитетна музика, текст кој заслужува особено внимание и инспиративен видео запис, кој ќе имате можност да го видите наскоро“, информираат од тимот на Сара.

Можеби ќе ве интересира: