Овој музички проект претставува прва соработка помеѓу BMA Brothers продукција и Игор Минарков, односно момчето за кое во колку наврати досега ви пишувавме, а е дел од хип-хоп групата “Лесен удар”. Гостинка во новиот видео спот кој што Игор неодамна го снимаше, е прекрасната Александра Николова од Софија, која за прв пат се појавува во македонско видео. Инаку, “Во твојот орман” е името на новиот сингл кој Игор многу скоро ќе го претстави пред македонската и балканска музичка јавност.
Што се однесува со самиот видео спот, како што дознава музичкиот портал Музика24, истиот е снимен во апартманите на Роџер, односно, Dali apartments, а за стајлингот се погрижи Небојша Пешевски. Промоцијата на видео спотот и многу повеќе за истиот наскоро на специјализираниот македонски музички портал Музика24.
Подготви: Марија Поповска