Кој би рекол дека фронтменот на “Скопски боеми” Трајче Толевски ќе ја смени професијата и тоа верувале или не во столар, секако ова е само вовед во сценариото кој заедно со ИН тв продукција го снимаа во Охрид нивниот најнов спот од фолк вечерта на “Охрид фест” за победничката композиција “Охрид знае љубов што е”.
“Сценариото е замислено така што јас во главната улога заедно со поубава половина работам напорно, но тука е и познатиот Жанко З’Ш кој ја дополнува целата приказна која наизглед е хумористична”, изјави Трајче Толевски кој додаде дека е благодарен што наиде на голема професионалност од целиот тим на продукцијата ИН тв.
Воедно се планира “Скопски боеми” да го промовирааат кон крајот на месец април и албумот, но и уште два спота каде најавуваат необична и интересна промоција за која долго ќе се зборува.
Нивниот слоган пред се е забавата и убавата дружба каде што се претпознатливи по нивните феноменални забави до раните утрински часови.
Подготви: Редакција Музика24