Музика на кирилица

“Нека гори” е новиот хит на младиот поп пејач Антонио Пејоски

Момчето кое што пред неколку месеци се појави со интересната и преубава балада “Најмила”, Антонио Пејоски повторно не изненадува со уште една нова интересна песна. Откако направи вистински бум на You Tube по гледаност, “Нека гори” е новата приказна која Антонио наскоро ќе Ви ја претстави преку видео спот. Исто како и за првата, така и за оваа песна тој самиот се погрижи за музиката и текстот, додека аранжманот е дело на познатиот Славиша Киброски од К-Тим продукција.

Спотот за летниот хит кој што наскоро младиот и симпатичен Антонио ќе го промовира е снимен на многу локации во Струга, меѓукои ќе ги споменеме плажите кои во овој период од годината се преполни и луна паркот Куки. Струга е всушност и неговиот роден град, затоа ова младо момче тука се чувствува најубаво. Во спотот ќе ги видиме и танцувачките способности на овој млад и згоден поп пејач, а за сето тоа да изгледа така како што ќе изгледа се погрижија девојките од Студиото за танц од Струга “Бах” кои како што дознава Музика24 имаат добиено награда за сценска изведба на “Макфест”.

Додека излезе неговата нова песна “Нека гори” и видео спот за истата, уште еднаш само за миг потсетете се на првата и најдобра балада од него “Најмила”.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: