Музика на кирилица

Неофицијално: Од понеделник МРТВ ќе соопшти што се случуваше на Евровизија и дали воопшто ќе настапува во иднина

После скандалот кој што Андреа како македонска евровизиска претставничка го направи со фрлањето на македонското знаме на евровизискиот тепих кога сите земји имаа можност за претставување, неофицијално, од Македонската Радио Телевизија добивме информација дека нашата македонската делегација се враќа во недела, а веќе во понеделник ќе имаат состаноци и интерни разговори за тоа што точно се случило и што понатаму. Ако ништо друго, тоа го очекува и го заслужува македонската јавност.

Проектот наречен Евровизија не е само одбери песна која ќе ја претставува земјата, одбери гардероба, направи одлична верзија на песната и оди претстави се, а во меѓувреме, прошетки, селфиња и кафе седенки низ градот или земјата каде и да се одржува Евровизија.

Оваа година, Констракта, како и многу други земји само ни покажаа како треба и може без воопшто вложени финансии да се направи вистински настап, перформанс од кој пак ќе произлезе и гласањето и влегувањето во финале, нешто за што Македонија веќе со години сонува.

Како што дознава Музика24, секој учесник откако ќе биде одбран за претставник на Република Македонија потпишува договор со Македонската Радио Телевизија за своите обврски и она што смее, а што не смее да направи во јавноста. Дека треба да ги почитува правилата и достојно да ја претстави својата земја која всушност и ја испраќа на тоа големо евровизиско натпреварување. Ние сме убедени дека секој, и нашата претставничка и македонската делегација, добро биле запознаени со сето ова и добро знаеле што и како треба, а што не треба. Знаеме и дека шефот на делегација, или кој и да е одговорен за тоа, многу добро требало да и објасни на македонската преставничка како и на кој начин да се однесува при претставувањето, фотографирањето и слично.

На нашата претставничка Андреа, посебно и било кажано и споменато за петриотските моменти поради сензитивноста, а таа за цело време велела дека тоа и е јасно и дека многу добро го знае. И покрај се, се прашуваме што е тоа и кој е тој момент кога таа самата одлучува на чекор кој што е неприфатлив и недоличен за една земја учесник од една страна, а од друга страна пак, каде се наоѓала во тој момент македонската делегација, знаејќи и анализирајќи ја видео снимката дека тие се за цело време се позади неа и дека само фоторепортерите се тие кои што се граница помеѓу нив.

После се, би било продуктивно, позитивно и пред се добро, да се направат низа јавни дебати пред и после секој избор на македонска песна која што би требало да не претставува на евровизиската сцена, се во името на државата која ја сакаме, и најосновното, да не се срамиме и брукаме во јавноста од било кој изведувач или делегација која во моментот е одбрана.

Останува да чекаме.

Можеби ќе ве интересира: