Музика на кирилица

“Некст тајм” на 10-ти октомври ќе го промовираат својот нов проект (Фото)

Во Драмскиот театар во Скопје, на 10-ти октомври (вторник) со почеток во 20 часот, македонската поп-рок група “Некст Тајм” по пауза од две години пред јавноста ќе го претстават својот најнов музички проект. Се работи за познатата македонска песна, “Слушам кај шумат шумите”. Исто така ќе биде промовиран и видеоспот во кој покрај нив се појавува и актерката Ана Стојановска.

Автор на музиката е Никола Мицевски, додека спотот го режира Огнен Шапковски заедно со Мартин Филиповски. Спотот премиерно ќе биде објавен точно во вторник во 20 часот на нивната фан-страна на Фејсбук.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: