Музика на кирилица

Next Time: Не сме веќе деца

Вчера вечер Драмскиот театар во Скопје беше претесен да ги собере сите нивни фанови, сите оние што ја подржуваат нивната работа, сите оние кои сакаа да бидат дел од големото враќање на згодните, симпатични и веќе созреани браќа Стефан и Мартин или со еден збор Next Time. Тие по речиси година и половина, повторно се враќаат на македонската музичка сцена, овој пат со сериозен, издржан и голем проект наречен “Ја излези Ѓурѓо”, македонска народна песна преработена во само за нив својствен стил со помош на феноменалниот Николче Мицевски кој е всушност и автор на речиси сите песни од двата проекти на Каролина Гочева “Македонско девојче”.

Освен преработката на оваа преубава македонска народна песна, тие снимија и одличен, неверојатно добар, луксузен и спот исполнет со премногу емоции.

Next TimeТие за порталот Фешанел неколку дена пред одржувањето на концертот велат:

“Не многу е променет нашиот изглед, но изгледа дека требаше сосем малку да се промениме за луѓето да имаат друга физичка перцепција за нас. Созреваме како личности и нормално е да го менуваме имиџот. Веќе не сме деца, сакаме да изгледаме сериозно и да бидеме сфатени така. Засега не мислиме дека ни е потребна професионална помош во однос на сценскиот имиџ, но мислам дека и двајцата со Мартин имаме добар модерен естетски вкус”, изјави Стефан дел од групата Next Time.

Next TimeПо промоцијата на песната и видео спотот, тие ги отпееаа сите нивни песни, во што пристутната публика едноставно уживаше. Редакцијата на специјализираниот македонски музички портал Музика24 им го честита враќањето на македонската музичка сцена и секако новата песна и видео спот, се надеваме дека во новата 2015-та ќе слушаме и гледаме доста добри работи од овие дечки кои ветуваа премногу.

Во продолжение, веќе споменатиот видео спот за песната “Ја излези Ѓурѓо”, преработка специјално подготвена само за нив. Уживајте!

Подготви: Магдалена Атанасовска

Фото: Владимир Ѓеоргиев

Можеби ќе ве интересира: