Музика на кирилица

“Next Time” се враќаат на македонската музичка сцена (Видео)

“Next Time” овој понеделник ќе го промовираат долгоочекуваниот спот за старата македонска народна песна “Ја излези, Ѓурѓо”, која како автор ја потпишува музичарот Никола Мицевски. Станува збор за песна од која браќата очекуваат многу. Истата потекнува  од Демир Хисар.

“Ваква песна и ваков спот се уште нема на овие простори. Не дека производот е наш и се фалиме, но верувајте дека навистина е така. Спотот го снимавме четири дена и во него има неверојатна приказна. По година и кусур пауза, решивме да се вратиме на музичката сцена со нешто бомбастично и се надевам дека на публиката ќе и се допадне ова што го сработивме”, вели Стефан. На промоцијата освен што ќе се претстави спотот, тие планираат да одржат и анплагд концерт на кој ќе ги испеат сите свои најголеми хитови.

Next Time“Ова е промоција што ја правиме за фановите. Затоа ги покануваме сите кои ја слушаат нашата музика да повелат и да уживаат во дружбата со нас. Заедно ќе пееме, ќе свириме и ќе се дружиме неколку часа”, додаде пејачот.

Инаку оваа стара македонска народна песна Стефан ја испеа во неколку наврати и секаде каде што имаше прилика, а за тоа постојат записи во многу телевизиски медиуми. Големата желба да ја овековечи песната со видео запис и преработка, која ја направи познатиот музичар Никола Мицевски, “Next Time” ја реализираше со проектот кој го поддржа сегашната продукциска куќа Prive Production од Белград, чии ексклузивци се во моментов. По Нова година браќата ќе го промовираат спотот и во Белград, каде потпишаа договор со продукциската куќа која што воедно е и во сопственост на познатата текстописката Марина Туцаковиќ.

Next Time“Снимивме еден сингл и спот на српски јазик, а наскоро ќе снимиме уште неколку. По празниците планираме да направиме голема промоција и таму, но се по ред. Имаме продукциска куќа која стои зад нас и се надеваме дека ќе успееме да оствариме успех и надвор од нашите граници”, вели Стефан.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: