Музика на кирилица

Никола Зац го најави новиот албум со концертна промоција следната година (Видео)

Познатиот македонски поп пејач Никола Зац во текот на денешниот ден со видео од овогодинешното јубилејното 30-то издание на „Охрид Фест“ каде на фестивалската сцена ја исполни „Биди до мене“ го најавува својот нов албум.

„Ова за мене беше втор настап на „Охрид Фест“, каде што минатата година како дебитант настапив со песната „Ни вино, ни солзи“. Фестивалот оваа година прославуваше 30 години од основањето и беше убаво да се дружиме и запознаеме со голем број артисти и колеги од Македонија и Балканот. Песната „Биди до мене“ е уште една љубовна балада, на која се опишува важноста да се има некој до себе со искрена љубов и доверна низ добро и лошо. И оваа песна е дел од најавениот албум „Срцето мое тука чука“ за кој што се обработуваат и последните песни, пред да се најави концертна промоција за следна година“, изјави Зац за Музика24.

Тој меѓудругото се заблагодарува до тимот со кој што соработува, Г-нот Глигор Копров и Владимир Дојчиновски-Дојчин.

Во продолжение, слушнете ја „Биди до мене“ од Никола Зац и погледнете го видеото од овогодинешното издание на „Охрид Фест“.

Можеби ќе ве интересира: