По неколку години престој и работа на брод, некогаш многу познатата поп пејачка Ноне Неделковска вчера конечно се врати во својот роден Велес. Сите и посакаа добредојде, па и екипата на специјализираниот македонски музички портал Музика24 се придружува кон убавите желби и честитки. Таа веднаш по слегувањето од авинот со кој пристигна се фотографирала, а веднаш потоа фотографијата Ноне ја прикачи на својот facebook профил.
“Добро дојдов”, напиша таа на својот facebook профил. Инаку, Ноне се враќа во Македонија веднаш по истекувањето на нејзиниот договор за работа со бродската компанија. Многумина шпекулираа и коментираа дека таа нема да се врати сама, туку со неа ќе дојде и нејзиното момче Рајан, но како што дознава Музика24 од свои извори тие си посакале среќен пат пред полетувањето и секако си ветиле дека повторно ќе се видат тука во Македонија, што значи дека можеби наскоро Рајан ќе ја посети Ноне.
Дали Ноне планира да остане во Македонија и да ја продолжи својата музичка кариера онаму каде застана, тоа останува да видиме.
Како и да е, Ноне, добредојде дома!
Подготви: Редакција Музика24