Музика на кирилица

Нов спот на “Еye Cue” (Видео)

Популарниот состав “Еye Cue” повторно изненадуваат со нов сингл и спот кој носи наслов “Колку пати”. Автор на музиката и аранжманот е Бојан Трајковски, кој ги напиша и стиховите заедно со Леана Таки. Трајковски ја снимаше и продуцираше песната во студиото “Music House”, а видео записот го сними тимот на “Горила филм” во Универзалната сала.

Во продолжение ве оставаме да уживате во преубавиот спот и сингл на “Eye Cue”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: