Музика на кирилица

“Бернајс Пропаганда” со видео спот за новиот сингл “Лажи ме, лажи ме” (Видео)

По три лонгплеј-албуми, повеќе стотици концерти и турнеи, македонските инди-пост-панк активисти “Бернајс Пропаганда” ја изненадија публиката претставувајќи го својот прв официјален видеозапис, изработен за синглот “Лажи ме, лажи ме”. Со овој сингл групата неодамна го најави својот нов албум “Политика”, кој ќе биде објавен на 14-ти март 2016 за словенечката етикета “Мунли рекордс”.

https://www.youtube.com/watch?v=VUF7qHvPtkc&feature=youtu.be

Но пред официјалното објавување на албумот, “Бернајс Пропаганда” се враќаат на концертните бини и тоа со неколку настапи во Македонија, Словенија и Хрватска, меѓу кои се и учеството на “МЕНТ” конференцијата и фестивал во Љубљана, како и двата настапи во скопскиот МКЦ кои ќе бидат концертна промоција на новиот албум. Веднаш пак по објавувањето на новиот албум “Политика”, групата заминува на целомесечна европска турнеја.

Следни потврдени настапи на Bernays Propaganda: 

  • 29.01.2016 – Струмица, Сцена 112 (Македонија)
  • 04.02.2016 – Љубљана, Менза при кориту – МЕНТ (Словенија)
  • 05.02.2016 – Марибор, Густаф – МАРШ облетница (Словенија)
  • 06.02.2016 – Мурска Собота, МИКК (Словенија)
  • 07.02.2016 – Забок, Зелена дворана (Хрватска)
  • 25.03.2016 – Скопје, МКЦ (Македонија)
  • 26.03.2016 – Скопје, МКЦ (Македонија)
  • 14.04.2016 – 15.4.2016 – “Политика” европска турнеја

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: