Музика на кирилица

Новата 14-та сезона на “”Бекстејџ„ започнува на 6-ти септември, Елена Велевска ќе биде ваш домаќин (Фото)

Единствениот естраден магазин “Бекстејџ„ ја започнува новата 14-та сезона во која најавуваат многу новитети. Еден од новитетите е тоа што првата недела ваши домаќини ќе бидат јавни фаци кои го задржуваат вашето внимание.

Во понеделник ваш водител ќе биде фолк пејачката Елена Велевска, во вторник водител ќе биде Андреј од дуото ДНК… а кои останати јавни личности ќе се најдат во истата улога останува да видите во 16.15 премиерно и 22.15 репризно на Телма.

Сите естрадни актуелности, ексклузивни интервјуа, исповести, но и рубрики ќе бидат само дел од новите содржини во новата 14-та сезона.
👍🏻👎🏻 е рубрика во која стручни ликови ќе го коментираат изгледот на познатите, “Едноставен живот„ рубрика во која познатите ќе ги видите во светло какво што најмалку очекувате, “Вирално” ќе се бави со тоа што познатите објавуваат на социалните мрежи. “Во прв ред” ќе присуствува на секој актуелен настан, промоција, и на гледачите ќе се пренесе атмосферата од прв ред…

Ова се само дел од новитетите кои ве очекуваат во новата 14-та сезона на естрадниот магазин “Бекстејџ„.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: