Еден од познатите хип хоп артисти Тони Зен, досега на неколку наврати снимаше дует со свои пријатели од балканот, а најново од него е што тој сними нова песна во која освен бугарскиот рапер Бобо го вклучува и светскиот познатиот англиски музичар Марк Морисон. “Ready 4 You” е насловот на новата песна која што Тони Зен ја опиша како свежо парче ретро звук, а истото е продуцирано од страна на Freak Collective.
Како звучи оваа македонско-бугарска-англиска комбинација, слушнете во продолжение.
Подготви: Редакција Музика24