Музика на кирилица

Новата македонска рок ѕвезда Борис со прв видео спот и најава за албум (Видео)

“Кактус продукција” во соработка со “Кат продукција” со задоволство и гордост ви го најавуваат првиот видео спот од многуте на младата и нова македонска рок ѕвезда Борис Цветановски. Станува збор за видео спот за песната “Вози, вози ме”, песна која што всушност претставува и најава на првиот албум на Борис кој како што дознава специјализираниот македонски музички портал Музика24, би требало да излезе и да се промовира кон крајот на месец септември.

Видео спотот на песната насловена “Вози, вози ме” е изработка на “Кат продукција”, во режија на Томе Власески. До официјалната промоција на видео спотот за песната “Вози, вози ме”, ексклузивно и само на нашиот специјализиран музички портал Музика24, имате можност да го погледнете трејлерот за видео спотот, односно, она како ќе изгледа истиот. Во продолжение, уживајте, а наскоро на Музика24 премиерно ќе го погледнете во целост целиот видео спот на овој млад музичар.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: