Музика на кирилица

Новогодишната реклама на Mcdonald’s со песна од македонска издавачка куќа (Видео)

Новогодишната реклама на McDonald’s за полскиот пазар искористи песна од
каталогот на македонската издавачка куќа и компанија за лиценцирање музика “Филтер
Лабел”. Креативниот директор кој работеше на рекламата сакаше да отстапи од
непишаното правило во празничните реклами да се емитуваат обработки на
божиќните класики и побара емотивна балада што на финалниот производ ќе му даде
романтичен призвук.

Песната “Second to None” од групата Parisian Pass беше единствената песна
предложена од “Филтер Лабел” и беше веднаш прифатена со образложение дека
совршено одговара на креативниот концепт, затоа што е „романтична, но не и
патетична, со празничен призвук, а без меланхолија“.

Parisian Pass е шведска поп/рок група, која создава музика под силно влијание
на американскиот кантавторски звук, а нивните песни критиката често ги споредува со
Kings of Convenience, Joni Mitchell, José González и Erlend Øye. Песната “Second to
None” се наоѓа на изданието “The Boy and the Birds”, објавено за “Филтер Лабел”.

Пласманот на синглот на Parisian Pass во новогодишната реклама на
McDonald’s е продолжување на меѓународната актвност на “Филтер Лабел”. Претходно,
песни од каталогот на македонскиот издавач се најдоа во реклами и на други светски
брендови, меѓу кои и Samsung, Nestle, Nike, Allegro, Mytheresa, како и во многу
популарни серии и филмови, вклучувајќи ги Shameless, Legacies, The OA, Exatlon, CSI
и Nikita.

Новата реклама на McDonald’s со музика од Parisian Pass со задоволство ви предлагаме да ја погледнете во продолжение:

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....