Музика на кирилица

Објавен видео записот за ,,Божикна серенада”

Видео записот за ,,Божикна серенада” како шести по ред традиционален Божикен подарок од Бигорскиот манастир и „Бадникови поворки“, е завршен и објавен со најголема љубов.
Екипата, којашто со благослов на Владиката Партениј го оствари овој голем духовно-културен проект, е составена од: Дејан Пројковски и Горан Наумовски (режија), Горан Наумовски (директор на фотографија), Стојан Стојановски (камера), Александар Котевски (асс. на камера) а во продукција на 2С студио. Оваа година музичкиот дел го изведоа Лозано, Димитар Андоновски, Никола Перевски – Пере Нокаут и Стефан Филиповски од „Next Time“. Актери во спотот се: Никола Стефанов, Благица Пупуноска, Ања Сливоски, Соња Михајлова и Митко С. Апостоловски. На инструменти беа : Страшо Темков – флејта, Петар Христов – кларинет, Александар Тасевски – фагот, Иван Еминовиќ – клавијатури, Весна Станоевска Миќиќ – харфа, Тимко Чичаковски – канон, Антоние Весковски – перкусии, Владимир Цветковски – виолина, Гоце Вангеловски – виолина, Владимир Димовски – виола, Кирил Јосифов – виолончело и Митко Иванов – контрабас.

Овој видео запис ја оживува серенадата преку една прекрасна божикна песна којашто на најубав начин ја покажува православната традиција и семејните вредности на македонскиот народ. Низ една филмска приказна не’ враќа во минатото на Битола, градот којшто серенадата ја има како дел од својата културна традиција. Божикната серенада во себе го носи специфичниот богат византиски мелос. Ја пееле возрасните коледари коишто оделе од куќа до куќа и весело ги повикувале домаќините да одат во црква, таму да го прослават Раѓањето Христово и потоа да го понесат големиот благослов дома. Ова дело ќе остане вечен сведок за мисијата на Бигорскиот манастир и Бадникови поворки како народен, културен и духовен проект.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....