Музика на кирилица

Од “Љубов” до “Готово е”… Тамара некогаш и сега (Видео)

Многу од нашите поп пејачи кога ќе ги прашате од кога започнале да се занимават со пеење, повеќето од нив ќе ви кажат дека пееле на “Златно славејче”, во некој училишен хор или слично. Денес Музика24 ексклузивно ви ја открива нашата позната македонска пејачка некогаш и сега, Тамара Тодевска. Точно не знаеме од кога потекнува снимката, но сигурни сме дека таа тука е толку мала, што кога би ја прашале дали се сеќава на ова снимање и настап со познатите Маријана и Росана, сигурно ќе ви каже НЕ!

Може да заклучиме само дека Тамара и мала и голема пее, за разлика од некои денешни нови и самонаречени “изведувачи на мак поп музика”. А и искрено, не е многу смената… на крајот на краиштата Тамара си е Тамара, зар не?

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: