Музика на кирилица

Од следната година Македонија нема да биде дел од Евровизија

По долго размислување, раководството на Македонската Радио и Телевизија одлучи Андреа Коевска да се појави и да настапи вечерва на втората полуфинална вечер, која заедно со македонската делегација ќе остане се до завршување на нашето учество на Евровизија.

Раководството на МРТ проценило дека евентуална одлука за повлекување би нанела дополнителна штета. По завршувањето на манифестацијата, членовите на делегацијата ќе поднесат извештај, па согласно тоа ќе се одлучело кои решенија и дисциплински мерки ќе се преземат.

Таквиот чекор во момент кога сите рокови за повлекување се поминати би предизвикал голема финансиска штета и други санкции кои што не се за занемарување. Имено, со откажувањето би се загрозило и учеството и отстапувањето на телевизиските права на сите други настани кои што Јавниот сервис ги добива како членка на Европската радиодифузна мрежа.

Покрај Андреа, сличен потег направи и францускиот претставник кога беше застанат да се фотографира, но како што велат евровизиските експерти, не очекуваат Франција да предизвика бура поради тоа.

Инаку, поради негативниот имиџ во јавноста на проектот „Евровизија“, што предизвикува негативен публицитет на МРТ, уредничкиот колегиум на јавниот сервис ја разгледува можноста од следна година МРТ веќе да не учествува на изборот за песна на Евровизија.

Можеби ќе ве интересира: