Музика на кирилица

Одбрани се групите што ќе настапат на “Рок Фест” во МКЦ

Одбрани се групите кои на 17-ти декември во дансинг салата во МКЦ, ќе настапат на јубилејното, 30-то издание на “Рок Фест”. Годинава љубителите на рок-музиката, ќе имаат шанса да чујат пет исклучително добри групи, чија музика се движи од класичен рокенрол, преку хард-рок, алернативен рок, гранџ, па сѐ до екепериментален и нојз-звук.

Овие бендови со својата музика и музицирање ќе се обидат да ја освојат публиката и жирито, и да станат победници на јубилејното издание на “Рок Фест”. Најдобрата група како награда ќе добие можност за снимање на албум. Покрај тоа, традиционално ќе биде избран и најдобриот гитарист на фестивалот, кој како и секоја година ќе добие награда, професионална гитара Yamaha, што со години наназад ја доделува продавницата за музички инструменти “До-Ре-Ми”, која е генерален застапник на инструментите од светски познатиот бренд Yamaha.

Покрај натпреварувачите, како гостин на вечерта, ќе настапи и групата “Серпентин фајр”, која е победник на “Рок Фест” во 2006 година. Листата на натпреварувачите кои ќе свират на 17-ти декември изгледа вака:

  1. Palindrom
  2. Kolt
  3. Smoke Shakers
  4. TV Rage
  5. Vizija

Влезот за 30 годишниот јубилеј на манифестацијата “Рок Фест”, кој ќе се одржи на 17-ти и 18-ти декември, и истиот ќе биде бесплатен за посетителите. Покровител на 30 годишниот јубилеј на манифестацијата е Министерство за култура на Република Македонија.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: