Музика на кирилица

“Охрид фест” пред распаѓање?!

Специјализираниот македонски музички портал Музика24 ексклузивно дознава дека можно е познатиот и реномиран македонски летен фестивал “Охрид фест” следната година воопшто да не се одржи. Имено, станува збор за недоразбирање помеѓу Глигор Копров и директорот на организацијата на овој фестивал Џими која веќе трае речиси еден месец.

Иако никој од нив не го потврдува веќе споменатото, Музика24 дознава дека сепак нешто се случува. За што точно станува збор Музик24 наскоро ќе стапи во контакт со двете страни и детално ќе Ве информира. А дотогаш остануваат само чаршиските муабети и шпекулациите.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: