Музика на кирилица

“Око мое” нова песна со видео спот од Стојне Николова (Видео)

Фолк пејачката Стојне Николова деновиве го промовираше видеото за својата најнова песна насловена “Око мое”, чија музика и аранжман ги потпишува постојаниот соработник на пејачката – Бобан Мојсовски, додека стиховите се дело на проверениот лиричар, текстописецот Огнен Неделковски. Песната е снимена и продуцирана во музичкото студио “Анастасија”, а во нејзината реализација уште учествувале и Јане Рафаиловски на кларинет и Дуле Божиновски на хармоника.

Видеото за песната е реализирано од Ин продукција, а неговата реализација ја потпишува Ване Петковски. Истото е снимано во просторот на скопскиот ресторан “Воденица Мулино”, а во видеото покрај Стојне и придружната група музичари, се појавуваат и членовите на ансамблот “Студио Фолклор”, кои со својатра изведба ја надополнуваат визуелната слика.

Во продолжение погледнете го видеото.

Можеби ќе ве интересира: