Атрактивната и шармантна пејачка Оливера Ѓоргоска веќе долг период е во Америка, но со една причина досоувршување на нејзиниот вокал поточно во отсекот на операта каде досега успешно се покажа како извонреден артист во тој домен. Имено, таа е сега на докторски студии каде без никаков проблем ја помина првата година од докторските студии со што ни даде до знаење иако подолг период ја нема на музичката естрада, сепак таа е сконцентрирана на усовршување на соло пеењето.
“Ниту во еден момент не заборавам на мојата родна татковина, но иако не делат многу километри од Македонија сепак наоѓам начин да се слушнам и со моите најблиски што ми дава еден голем мотив да продолжам во мојата т.н. мисија и се надевам ќе ги оправдам очекувањата кој ги планирам”, изјави Оливера Ѓоргоска.
Воедно најново од неа е соработката со познатиот продуцент и композитор Јован Јованов за кој не ни откри многу детаљи што поточно може да очекуваме од неа на музички план но едно е сигурно патот кон успехот и е загарантиран.
Подготви: Редакција Музика24