Музика на кирилица

Отворени се броеви за донации за ,,Куќа со Кристина“

Хуманитарната ТВ емисија „Куќа со Кристина“ чиј автор и водител е пејачката Кристина Арнаудова со здружението „Проект Среќа“, отвори броеви за донации. Сите заинтересирани да го поддржат овој проект истото сега можат да го направат преку овие броеви за донации.

“Сите средства ќе бидат искористени за градење домови и материјали потребни за тоа. Броевите за донација се А1: 143 700 и Телеком: 143 403. И не заборавајте да гледате секоја недела од 20 часот на Телма ТВ”, порачуваат од здружението „Проект Среќа“.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....