Музика на кирилица

Ова е песната со која „Дајте музика“ ќе настапат на Детска Евровизија (Видео)

Песната „Green Forces“ со која децата од „Дајте музика“- Кики, Наташа, Филип и Мика ќе ја претставуваат Македонија на Јуниорскиот Евросонг во Париз беше промовирана вечерва,  во емисијата „Плеј Топ 10“ на МРТ1. Песната има универзална порака за планетата земја. Автор на музиката е Роберт Билбилов а текстот е дело на Робин Зимбаков.

Оваа година 19-тото издание на Јуниорскиот Избор за Песна на Евровизија ќе се одржи на 19-ти декември во спектакуларната концертна сала „La Seine Musicale“, во градот на светлината, по победата која Валентина ѝ ја донесе на Франција. Францускиот Национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма, која секако, ќе може да ја следите преку директен пренос на програмите на Македонската радио- телевизија.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....