Како што дознава музичкиот портал Музика24, познатиот Пајак и Лара кои сите многу добро ги знаеме од минатогодишниот „Макфест“ кога се појавија со одличната и хитовска , за своите фанови и македонската публика повторно подготвуваат дуетска песна. Тоа е и природно и самата публика тоа би го очекувала по минатогодишниот хит од кога и Пајак и Лара се дигнаа на едно повисоко ниво на нашата музичка македонска сцена.
„Ветуваме дека повторно ќе седнеме во студио и дека ќе направиме уште еден нов македонски хит“, изјави Лара. Инаку, во последниот период тие двајца често заедно настапуваат низ Македонија.
Во очекување на најновиот заеднички хит помеѓу Пајак и Лара, само за момент потсетете се на минатогодишниот настап на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, кога токму тогаш овие наши млади изведувачи ја исполнија оваа денес насекаде позната и барана песна „Бела“.
Уживајте!