Музика на кирилица

Панчо го сели Пако во нов дом

Познатиот рапер и DJ – Панчо од “ДНК”, поради преголемите обврски бара нов дом за неговото куче Пако кое што всушност е мало и е од расата мопс. Тој по 6 години неразделност и чување на своето милениче мора да се раздели од него.

“Поради обврските и сплет на околности немам можност повеќе да се грижам за кучето. Барам некој кој убавко ќе се грижи за него. Пако е весело куче кое не бара многу. Раснет е во среќно семејство, но ете мораме да го дадеме”, изјави Панчо за порталот Либертас. Доколку сте заинтересирани и би сакале Пако да биде дел од вашето семејство, пишете му на Панчо и се надеваме дека токму Вие ќе ја имате среќата да го чувате неговото милениче, шест годишниот мопс Пако.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: