Музика на кирилица

Панки: Се враќаме со забрзано темпо

Откако го пуштија нивниот најнов сингл “Ќе ја откачам”, тие заедно најавуваат плодна и продуктивна 2015-та во која ќе промовираат многу нови песни, а и видео спотови. Роберт и Панки или како што македонската публика ги знае “Куку Леле” веќе подолг временски период се затворени во студио каде што работат на новиот материјал што би требало во идниот период да го промовираат пред македонската јавност.

“Се враќаме во полн ек и со забрзано темпо. Веќе пуштивме во етер еден сингл, имаме снимено уште неколку песни за кои планираме да направиме спотови до крајот на летово и плановите ни се големи. Тука се и настапите низ Скопје и Македонија, а еден убав голем концерт, здравје, сакаме да направиме следната година, но има време за тоа”, изјави Панки дневниот весник “Вечер”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: