Додека вчера сите го славеа денот на виното Св.Трифун или денот на вљубените Св. Валентин, вчера Пеце вокалот на “Суперхикс” имаш и трет повод за славење, стана тако по втор пат. Девојче е и ќе се вика Маша.
“И така, додека сите вие славите Трифун или Валентајн, јас ќе им се заблагодарам на двајцата и секако, најмногу на мојата сопруга Ели Клинчаревска Младеновска, што ни ја донесоа Маша Младеновска на овој убав ден и на овој прекрасен и се надевам за неа помалку комплициран свет! Татко на квадрат денеска. Пресреќен!”, изјави возбудено Пеце.
Освен Маша кое е второто дете во семејството Младновски, Пеце и сопругата Ели (девојката која има прекрасен глас, меѓудругото истиот го слушаме на синхронизираните тв серии), го имаат и Никола нивното прво дете.
Подготви: Марија Поповска