Музика на кирилица

Пејачот Адријан Гаџа отвори ресторан

Неодамна во присуство на голем број на гости, пријатели, роднини, блиски соработници и секако седмата сила-новинарите, поп пејачот Адријан Гаџа го отвори ресторанот “Ча-Ча” во Point Retail Park во Скопје, населба Бутел. Во преубав амбиент со одлична забава присутните гости можеа да се забавуваат со приштинската група “Стринг-Стринг”, а истовремено и да вкусат дел од специјалитетите на куќата.

Ресторанот е уникатен во својот концепт и стил, уреден во комбинација на повеќе стилови каде играњето со ретко и модерен стил е направено до совршенство. На повеќе од 300м2 со кујна од отворен тип, тераса и разни удобни катчиња за одмор и релаксација, ресторанот нуди услуга со високи стандарди.

На менито доколку појдете и бидете нивни гост, можете да најдете врвни специјалитети, од пици до тестенини, разно-разни бургери, салати и десерти. Освен во музиката, Гаџа за прв пат се пробува како менаџер на ресторан, голем семеен објект.

Можеби ќе ве интересира: