Музика на кирилица

Пендаровски во Љубљана се сретна со фронтменот на „Лачни Франц“

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, за време на официјалната посета на Словенија оствари средба со Зоран Предин.

Зоран Предин основачот на еден од најзначајните рок бендови од поранешната СФРЈ, „Лачни Франц“ , кој и ден денеска е исклучително активен не само Словенија туку и во целиот регион.
Предин на Пендаровски му ја потпишал првата лонгплејка на “Лачни Франц” насловена “Икебана” од 1981 година, а Претседателот му го подарил вториот албум од нашите легендарни “Леб и Сол“.
Постои можност во октомври оваа година, Предин да гостува во Северна Македонија и тоа ќе биде одлична можност за повторна дружба со македонската публика.

Можеби ќе ве интересира: