Музика на кирилица

Пепа Димитрова снима нов спот!

Пепа Димитрова не застанува. Додека нејзиниот хит “Длабоко” е се’ уште актуелен по медиумите, таа веќе ја заврши новата песна и снима нов спот. Како што дознава Музика24, насловот на оваа песна е “Со тебе немам сон”. Потпишана е од Весна Малинова и Владимир Дојчиновски Дојчин, а спотот го работи Зоран Стојановски Зонде.

По она што се гледа од сликите, Пепа повторно ќе има несекојдневен видео запис. За Музика24 откри дека се работи за брза и “заразна песна” и дека спотот ќе биде модерен и интересен. Песната влегува во уво од прво слушање.

“Ќе ја промовирам заедно со спотот кој во моментот е во фаза на пост продукција. Направивме модерна песна и модерен спот. Уживав додека снимав и се надевам дека ќе и се допадне на публиката”, изјави Пепа Димитрова.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....