Музика на кирилица

Пепа Димитрова: Тишина, се снима! (Фото)

Пепа Димитрова, очигледно си ги исполнува ветувањата. После празничниот викенд, таа се врати во студио и посветено работи на подготовка на нов музички материјал. Од она што досега ни го откри, веќе е завршена песната “Длабоко”.

Судејќи според објавата на нејзиниот фејсбук профил, речиси е готова и друга песна, повторно потпишана од Весна Малинова и Владимир Дојчиновски Дојчин. Двете ќе се најдат на нејзиниот прв албум, а како и досега, песните ќе бидат промовирани заедно со видео спот.

Можеби ќе ве интересира: