Музика на кирилица

Перо Пандиловски со нов видео спот за новата “Имав само еден сон” (Видео)

Перо Пандилоски е ново музичко име на македонската музичка сцена кое што ветува, пејач кој постојано пее по ноќните клубови низ градовите ширум Македонија. За само една година ова е веќе негова трета песна и втор видео спот. Албумот вели дека полека, но сигурно го подготвува, бидејќи ова е осмата песна на Перо. Музиката и аранжманот за новата песна се на Јован Василевски и Гоце Симоновски, а текстот за оваа песна го напиша Магдалена Цветкоска. Станува збор за прекрасна балада која е испеана со многу емоции.

“Имав само еден сон” е приказна во која мислам дека многумина ќе се пронајдат. Тоа беше и целта на екипата со која работевме на овој проект. Спотот го снимавме во Кавадарци, под режисерска палка на Пепи Ангелов. Сите се потрудивме, се надевам дека ќе помине добро кај публиката”, вели пејачот Пандилоски.

А како изгледа и звучи неговата “Имав само еден сон”, погледнете во продолжение.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: