Музика на кирилица

Песна од Тоше Проески жртва на руски плагијатори (Видео)

Една од најпопуларните, но и најстарите руски рок групи “Землјане” која постои повеќе од четири децении на руската музичка сцена, ги разгневи почитувачите на ликот и делото на Тоше Проески, откако промовираше плагијат на хитот на Проески, “Боже чувај ја од зло”, а песната ја претстави како своја, авторска.

Насловот на плагијатот на “Земљане” е “Боже” и истата ја промовирале на музичкиот канал YouTube кон крајот на месец февруари годинава.

Под линкот со песната е наведен и авторскиот тим, односно под музиката е потпишан Владимир Трушин, а пак под текстот, кој е само преведен и прилагоден на руски јазик, потпишан е Владимир Киселев, кој бил еден од основачите на бендот во далечната 1978 година.

Погледнете за што станува збор:

https://www.youtube.com/watch?v=ur33MIZe2B8

Можеби ќе ве интересира: