После подолго време интензивна работа во студиото “Подрумот” се направија завршните работи на новото ЦД на авторски песни на македонската фолк легенда Ефто Пупиноски. Албумот е насловен “Песно моја добра” и има 15 нови авторски композиции на кои композитор е самиот Ефто Пупиноски. Текстописци се Мирослав Кузман и Огнен Неделковски, додека како аранжери се јавуваат Сашо Ливрински, Тодор Трајчески и Ангел Ќосев.
Песните се веќе ставени и може да се чујат на You Tube каналот на интернет. Екипата ангажирана на проектот посебно внимаваше да се направи нешто што ќе се слуша и ќе остане, а на албумот сепак да има песни за сите генерации.
Како илустрација ви ја нудиме песната “За пријателот”, а останатите песни од албумот можете да ги слушнете ТУКА.
Подготви: Редакција Музика24