Музика на кирилица

По 10 години кам-бек на Куку Леле

Панки и Роберт 10 години паузираа со нивната популарна поп група Куку Леле, но на иницијатива на продукцијата “Дрим Тим” наскоро оваа популарна група на радост на фановите ќе оживее. На 2-ри март годинава Панки и Роберт ќе настапат во дискотеката Колосеум и ќе потсетат на деновите кога беа неприкосновени во музичките води.

“Точно е дека ке има концерт, на 16-ти февруари на прес конференција која ќе се одржи во “Арабеска” ќе соопштиме која ни е идејата околу Куку Леле”, изјави менаџерот Ѓорѓи Галетановски – Чомбе. Водител на концертот предвидено е да биде популарната и единствена Лила Филиповска.

Продукцијата тврди дека на концертот на Куку Леле ќе има и други изненадувања. И Панки за нашиот портал ги потврди информациите за концертот со порака дека е среќен што пак со Роберт ќе се вратат на музичката сцена.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: