Музика на кирилица

Погледнете: “По друм одам” отпеана од позната бугарска пејачка (Видео)

Освен разно разните турбо фолк пејачки кој што имаме можност речиси секој ден да ги гледаме на музичката бугарска телевизија ТВ Планета, која се пренесува на македонските кабелски оператори, истражувајќи на интернет дојдовме до едно интересно и секако позитивно видео како за нас како држава, така и за нашата македонска музика воопшто. Имено, станува збор за македонската народна песна “По друм одам” која што овој пат е во изведба на пејачката Поли Паскова која очигледно ја негува македонската народна песна.

Интересно во целата оваа приказна е што ТВ Планета како музичка бугарска телевизија посветува посебно внимание на македонската песна, а видеата кои што оваа позната балканска телевизија ги подготвува се на секое професионално ниво на кој што работи цела екипа. Освен песната која мило ни што ја слушаме и гледаме на друга соседна тв станица, ова нека биде и мала мотивација за нашите македонски тв станици кои сакајќи да реализираат музичка емисија, ниту 1 насто не успеваат во тоа.

Во продолжение, погледнете го видеото за нашата многу добро позната народна песна…

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: