Како што дознава Музика24, по емисиите на Гранд продукција, Канал 5 ја напушта и познатата водителка на тв проектот “G-Carpet”, Ведрана Ѓорѓевиќ. Емисијата продолжува да се емитува, но без неа.
За да не бидат шпекулации, ја контактиравме Ведрана, а таа за Музика24 го изјави следново:
“Дел сум од “G-Carpet” додека трае договорот на моите спонзори, а тоа е крај на јануари. Ако имате такви сознанија од неофицијални извори, верувам дека ви било кажано зошто нема да соработуваме повеќе. Не станува збор за некакво недоразбирање со Миро, не знам од каде сето тоа, тоа се само шпекулации. Што се однесува за стартување на нов тв проект, секако тоа не е исклучено, но за сето тоа ќе Ве известам кога ќе дојде време за тоа. Сега главниот фокус ми е снимање на реклами, имам и сопствена продукција и постпродукција va_dventure е нашиот официјален профил на Инстаграм кога можете посетете го истиот и видете со што се занимавам. А освен тоа, периодов работам и на претстојниот Саем на венчаници што ќе се одржи од 10-ти до 12-ти март во Скопје, каде ќе бидам водител-промотер”, вели Ведрана за музичкиот портал Музика24.