Музика на кирилица

По “Љубовна приказна” Силви бенд најавуваат нов музички проект (Видео)

Неодамна популарниот македонски бенд, Силви бенд го промовираа своето ново видео за песната “Љубовна приказна”. Како што дознаваме, овој видео спот е реализиран со средства кои ги доделува Министерството за култура на Република Македонија во рамките на субвенционирањето на творештвото во македонската забавна музика.

Најново од Силви бенд е тоа што освен неколкуте нови песни и видеа кои изминатиот период тие ги промовираат, Силви и Влатко на големо го подготвуваат новиот проект, нов студиски албум со ромски песни. Им посакуваме се најдобро и брза промоција на веќе зацртаното, а во продолжение ви предлагаме да го погледнете видеото за веќе споменатата песна “Љубовна приказна”.

Подготви: Виолета Трајковска

 

Можеби ќе ве интересира: